Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Ковид-19, може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот. Треба да бидеме внимателни, на пример, додека чекаме во редот во маркет да бидеме на дистанца од другите на два метра, но и да не ја допираме косата, бидејќи вирусот најчесто се пренесува преку прсти со кои што допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице.
Освен што треба да ги миете рацете, треба да ја миете и вашата коса, доколку сте биле излезени надвор од својот дом. Со самиот факт дека скоро секоја жена несвесно констатно ја допира својата коса, со тоа и ги зголемува можностите за пренос на вирусот.
Коронавирусот е познат само неколку месеци и нема доволно информации за неговиот капацитет на преживување, а во тој контекст ниту околу тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното, пократко отколку на мазни површини.
Миењето на рацете со сапун е најдобар начин да го деактивираме коронавирусот, дури поефикасен од употреба на средства за дезинфекција. Со миењето на косата со адекватен шампон може да го уништиме Ковид-19 на влакното.