Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Миокардитис е болест која предизвикува воспаление на срцевиот мускул (миокард). Може да го зафати мускулот и спроводниот, електричен, систем и да ја намали способноста на срцето да пумпа крв и и да предизвика пореметен срцев ритам (аритмија). Ова воспаление го ослабува срцето, остава лузни на ткивото и ја отежнува рабтата на срцето, пумпањето на крв.
Може да заболи секој, деца и возрасни, почесто е кај здрави млади мажи. Трета водечка причина за нагла смрт е кај деца и млади возрасни.
Вирусните инфекции се водечка причина за миокардитис. Воспалението се случува на текот на инфекцијата, оптеретувајќи го срцето и по совладување на инфекцијата. Канцер, бактериска инфекција и други заразни болести исто така може да предизвикаат миокардитис, како и надворешни токсини (труење со метали, змиски отров или отров од пајак).
Кај мала група лица со автоимуни состојби, може да се развие giant cell микардитис. Брзо прогресивна и често фатална болест која резултира со брзо пропаѓање на мускулот и брз почеток на конгестивна срцева слабост. Карактеристично ги зафаќа коморите.
Сé уште нема познати начини, промена на животен стил или друг третман за превенција на миокардитисот. Третманот зависи од причината.
Нема специфини симптоми: краток здив, особено по физички замор или пак во лежење, слабост, малаксалост, срцебиење, неправилен ритам, градна болка, лесна главоболка, задршка на течност и оток на раце, нозе, стопала, нагол губиток на свест.
Причината често не се наоѓа.
Вируси – многу висуси се асоцирани со миокардитис, вирус на грип, аденовирус, хепатитис Б и Ц, парвовирус, херпес симплекс вирус, ХИВ, вирусот на мононуклеоза, вирус на рубеола.
Бактерии – стрептококи, стафилококи, бактерија на дифтерија.
Габички – кандида, мувли,особено кај лица со слаб имунолошки систем.
Паразити – кои се пренесувваат со инсекти, токсоплазмоза.
Лекови и наркотици – лекови за канцер, антибиотици, кокаин.
Хемикалии или радијација
Други причини – лупус, артеритиси, Вегенерова гранулматоза.
Компликации – срцева слабост, срцев удар, аритмии, нагла срцева смрт.