Д-р Искра Петровска Шешова
Специјалист Дерматовенеролог
Дијамантската дермоабразија е еден од најчестите третмани во естетската дерматологија кој е едноставен, неинвазивен и дава одлични резултати.
Дијамантската микродермоабразија представува механички пилинг на кожата при што се користат дијамантски кристали кој вршат контролирано отсранување на површинските мртви клетки на кожата. Со помош на посебна сонда која се користи при третманот се врши во исто време и масажа при што на тој начин се врши подобро чистење на лицето се подобрува циркулацијата и лимфната дренажа. Со благо контролирано отсранување на површинскиот слој кожата се стимулира да создава нов колаген и еластин на тој начин се подобрува тонусот и еластичноста на кожата.
Со помош на овој третман се стимулира микроциркулацијата, се овозможува подобра исхрана на кожата, подобро и побрзо се апсорбираат активните супстанци. Со помош на вакум системот се отсрануваат мртвите клетки и се стимулираат регенеративните процеси на кожните клетки.
Со помош на дијамантската микродермоабразија се задржува младешкиот изглед и свежина на кожата се намалуваат брчките, старечките дамки, лузни од акни, акни, се намалуваат проширените пори и се намалува лачењето на лој.
Како се изведува третманот?
Третманот подразбира површинска механичка абразија на епидермисот на кожата. Самиот третман може да се комбинира со другите неинвазивни третмани за добивање подобри резултати.
Што треба да очекуваме после третманот ?
Веднаш после третманот кожата е лесно црвена при што со користење на соодветна кислородна маска или хидрирачка маска се намалува црвенилото. Во домашни услови препорачуваме користење на регенеративни хидрирачки креми.
Дали треба да се штитиме од сонце после третманот со дијамантска дермоабразија?
Да се препорачува сончева заштита после третманот со дермоабразија. Посебно првите три дена после третманот.
На колку време се препорачува да биде растојанието меѓу третманите ?
Се препорачува растојанието мегу два третмани да биде помеѓу 3 до 4 недели.