Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Имунолошкиот систем го брани телото од микроорганизми. Но некогаш патогените навлегуваат во телото и предизвикуваат болест. Идејата за јакнење на имунолошкиот систем звучи примамливо но прашање е дали може да се интервенира во овие процеси и да се зајакне имунолошкиот систем.
Имунолошкиот систем е систем, а не еден ентитет. За да функционира добро бара рамнотежа и хармонија. Телото создава различни видови на клетки кои одговараат на различни патогени на многу начини. Има работи што сé уште не се знаат за сложеноста и меѓусебната поврзаност на имунолошкиот систем.
Со возраста, способноста на имунолошкиот систем се намалува што допринесува за почести инфекции и појава на канцер. Се смета дека намалениот број на одредени клетки е причина за намалена борба со инфекциите.
Општите стратегии за здрав животен стил се начин да се одржи силен и здрав имунолошки системː прекин на пушење цигари, одржување на здрава телесна тежина, умерен внес на алкохол, доволно сон, справување со стресот кој не може да се избегне, одмор и опуштање, социјална мрежа (пријатели, волонтирање), оптимистички пристап и поглед на светлата страна.
Здрав имунолошки систем бара добра исхрана. Точно не се знае зошто лица со малнутриција се посклони кон инфекции. Се верува дека дефицитот на различни микронутриенти (цинк, селен, железо, бакар, фолна киселина, витамин А, Б6, Ц, Е) влијае на имунолошкиот одговор.
Модерната медицина зборува за тесна врска помеѓу умот и телото. Многу болести се поврзуваат со емоционалниот стрес. Стресот е тешко да се дефинира, тоа што е стресно за една особа не е за друга. Не може точно да се измерат последиците од стресот, научно и контролирано.
Регуларната физичка активност е еден од столбовите на здравото живеење. Допринесува за општо добро здравје и здрав имунолошки систем. Иако директна корисна врска не е воспоставена, се смета дека редовното умерено вежбање е полезно за одржување на здрав имунолошки систем зедно со другите системи во телото.
Многу суплементи се декларираат како зајакнувачи на имунолошкиот систем, но научни докази нема за сите. Некои препарати најдено е дека влијаат на компоненти на имунолошкиот системː
Ехинацеа – максимални ефекти има на рекурентните горнореспираторни инфекции и настинки.
Ѓумбир – го чисти лимфниот систем, помага да се прекине акумулацијата на токсини. Има антиинфламаторни својства, се користи кај болести предизвикани од патогени, физички и хемиски агенси (топлина, киселини, чад од цигари).
Витамин Д – ги модулира вродените и адаптивните имуни одговори, ја одржува толеранцијата и промовира заштитен имунитет.
Женшен – ја одржува имунолошката хомеостаза и ја јакне отпорноста на инфекции, има антимикробни компоненти, има улога во продукцијата на антитела.
Бозел – особено во првите 48 часа од почеток на симптомите на настинка, грип, алергија, воспаление.
Пробиотици – пробиотична храна и суплементи. Го подобруваат имунолошкиот систем на мукозата на цревата.
Мирта – едно од најчесто користените етерични масла. Има антсептички, антибактериски и антифунгални својства.
Оригано – есенцијалното масло има заздравувачки, имунолошки зајакнувачки, антигабични, антибактериски, антивирусни и антипаразитни својства.
Да се внимава бидејќи билките и есенцијалните масла може да се силни и важно е да се прават паузи кога се користат.