Во станбена зграда во центарот на Скопје, на булеварот Свети Климент Охридски, позната како „папагал“ зграда, синоќа изби пожар. Брзата интервенција на скопската противпожарна бригада спречи огнот да земе поголем замав.
Неофицијално како можна причина за пожарот е експлозија на мала плинска боца, на која станарката варела кафе, но како што претпоставуваат станарите поради ветрот боцата паднала, по што експлодирала и настанал пожарот.
Засега нема пријавено повредени лица, но причинета е поголема материјална штета.