Голманот на европскиот шампион Вардар, Калифа Гедбан со ден закаснување се приклучи на тимот во подготовките за новата сезона. Причината за доцнењето беше убава, Гедбан правеше свадба, па затоа доби плус слободни денови од раководството на Вардар.
Инаку, Калифа Гедбан е од Алжир, и тој заедно со Марко Кизиќ и Артурс Кугис ќе го бранат голот на Вардар во новата сезона.