Околу 200 жени поминаа низ неговиот кревет, но по мене тој беше уништен! Пиев лек за болка…“, истакна во интервју контроверзната сопруга и менаџер на Аргентинецот Мауро Икарди, убавата Ванда.
Мауро имаше четири телефони за жени – поделени по континенти.
Најпознатата сопруга менаџерка во светскиот фудбал сексапилната Ванда Нара и нејзиниот сопруг репрезенативецот на Аргентина Мауро Икарди никогаш не се срамеле да зборуваат за својата љубов и романса пред камерите. Бујната Ванда сега опширно, детално зборуваше за почетокот на нивната бурна, но долготрајна врска.
Ванда и Мауро се во брак од 2014 година, набргу откако Ванда го напушти аргентинскиот фудбалер Макси Лопез, кого го изневери со неговиот колега и пријател Мауро Икарди, кој сега настапува за Галатасарај.
Заедно имаат две ќерки. Пред да го „испроба“, Ванда истакна дека слушнала дека Мауро е голем љубовник и дека токму поради тоаа таа одлучила таа да остане со него и да го напушти Лопез.
– Низ неговиот кревет поминаа околу 200 жени, но по мене беше целосно уништен. Од него не „остана “ ништо. Се сеќавам на болката во телото следниот ден бидејќи не сум навикната да давам сè – рекла Ванда и додала: – Морав да пијам ибупрофен на секои четири часа бидејќи следниот ден имав болки. Добро се сеќавам на тоа бидејќи никогаш порано не сум доживеал такво нешто. Да не се случеше таа вечер, веројатно ништо немаше да ни се случи, истакнала сексапилната Ванда Нара во интервјуто.
Ванда понатаму откри дека Икарди имал четири телефони кога се запознале, но набрзо се ослободила од нив.
– Беа четири бидејќи ги подели жените по континенти. Тоа е лудо. Еден од нив беше „добар“, тој беше оној на кој Мауро добиваше повици од директори на клубови. Останатите беа за жени.