Нови податоци од Израел, каде што веќе е поодмината кампањата за вакцинација против коронавирусот со вакцината на Фајзер/Бионтек, сугерираат дека вакцинацијата на возрасните исто така ги штити и невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.
Околу една третина од 1,95 милиони луѓе кои го користат системот на здравствена заштита на Maccabi Healthcare Services (MHS), сите над 16-годишна возраст, примиле барем една доза од вакцината до 30 јануари.
Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, истражувачите откриле дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни, стапката на инфекција кај невакцинираните корисници во истите заедници опаѓа – особено кај децата.
MHS е втор по големина систем на здравствена заштита во Израел.
„Иако забележаната заштита на невакцинирани лица поврзана со вакцинирање кај возрасни е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на изгледите за колективен имунитет и искоренување на болести“, пишуваат истражувачите во студијата.
Извор: Индекс.хр