Српскиот вирусолог и микробиолог д-р Миланко Шеклер смета дека вакцината против корона вирусот би требало да се плаќа, затоа што тогаш, како што изјави, сите би се „тепале“ да ја добијат бесплатно.
Во гостување на ТВ Прва, д-р Шеклер истакна дека се залага за вакцината да се плаќа, но да не биде задолжителна.
Коментирајќи ја задолжителната вакцинација, Шеклер изјави дека не ја поддржува таа опција.
-Јас сум против вакцинацијата да биде задолжителна, но сметам дека не треба да биде бесплатна. Бесплатна треба да биде само за оние кои треба да имаат посебни привилегии, војската, милицијата, здравството, образованието… Нека биде бесплатна за нив – изјави српскиот вирусолог.
Што се однесува, пак, до одредените рестрикции за невакцинираните, тој вели:
-Во Грција и Франција, невакцинираните луѓе можат да влезат секаде, но мора да имаат резултат од тест. На никој не му е ускратено правото да влегува во ресторан, но мора да го има едното или другото. Нека избираат што најмногу им одговара. Никој никогаш не треба да биде присилен да се вакцинира – вели познатиот српски лекар.
Comments are closed.