Ајла Фишер (46) моментално ужива на Барбадос со сопругот Саша Барон Коен, со кого е во хармоничен брак повеќе од 12 години. Таа деновиве ужива на Барбадос, а светот го обиколија фотографии на кои е во едноделен костим за капење. Друштво ѝ прави нејзиниот сопруг Саша Барон Коен, а многумина сметаат дека токму Ајла е една од најсреќните жени во Холивуд.
Имено, Ајла и Саша се запознале во 2002 година и по една година врска, се венчале во 2010 година. Двојката има три деца и многу среќен брак.
Во една пригода, комичарот Саша Барон Коен изјавил дека веднаш се вљубил во Ајла штом ја видел, додека нејзе ѝ требало малку повеќе време.
„Не знам зошто го кажа тоа, бидејќи јас веднаш знаев дека тоа е љубов на прв поглед“, раскажала Ајла која вели дека многумина ѝ честитаат поради 20-годишната врска со Саша.
„Во Холивуд тоа е како да славиме златна свадба“, раскажала таа.
Јавноста ја сака Фишер и поради нејзиниот природен изглед, како и поради тоа што нема преголема желба да ја сочува младоста по секоја цена. Нејзиното тело е вито, но не е преслабо, додека сѐ уште нема користено ботокс и филери за да ги измазни брчките.
„Вака изгледа една зрела и задоволна жена“, коментирале нејзините обожаватели.