Кание Вест со сопругата Бјанка се на одмор во Италија. Папараците ги снимија пред штанд за брза храна. Бјакна беше облчена во проѕирни хеланки и изгледаше како да се шета гола. Носеше и бели потпетици, а за разлика од неа, Канје беше наоблечен во црна облека и покрај топлото време.
Носеше јакна со широки и црни панталони, а околу главата имаше дебел џемпер.
Бјанка била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува „Дејли мејл“.
„Како би било полицијата во секоја земја да го апси секој што е гол? Тоа се вика непристојност. Уморни сме од присилувањето да гледаме голи жени и треба да биде незаконски децата да го гледаат ова. Се надевам дека Италија ќе ги избрка и двајцата од земјата. Не им треба овој пар да ја загадува. Ова е тотално непочитување на конзервативната католичка култура. Италијанците требаше да ги избркаат“, биле некои од коментарите кои ги добила Бјанка од фановите.