Претседателот на владиниот кризен штаб, Бујар Османи, утрово преку пост на Фејсбук ги повика граѓаните да станат подисциплинирани и да почнат да се однесуваат како да се позитивни на корона вирусот, со цел да почнат да ги применуваат превентивните мерки. Тој ги предупредува дека има голема веројатност да се заразат од коронавирус и изнесува информација дека денешните бројки на новозаразени се поголеми од оние изминатите денови.
“Шансите да бидете позитивни или да имате контакт со некој кој е позитивен во последните денови е многу голем. Затоа ве повикувам да се однесувате како да сте позитивни и како секој со кого сте во контакт да е позитивен. Не е потребно многу да се заштитите:
– не верувајте во теориите на заговор
– маската го намалува преносот за 79%
Не биди причина за смртта на најблиските
П.С. Денеска бројката е уште повознемирувачка!“ напиша Османи.