Данската манекенка Нина Агдал повторно ја сподели истата слика, откако фотографијата беше повлечена од Инстаграм. Сподели голо селфи во огледало, а на него не носи ништо, поточно е целосно гола. Поради својата карактеристична поза, таа го сокри меѓуножјето и ги покри градите со рацете.
Очекувано, фотографијата крена вистинска бура, а покрај стотиците илјади лајкови, собра и бројни комплименти. „Жешко, жешко, жешко“, „О Боже, ти си убава и толку природна“, „Мислам дека ти си единствената преостаната природна убавина“, „Ти си убава“, „Ти си неверојатно секси“ „Какво тело, какво тело“,се само дел од коментарите.
Инаку, Нина Агдал на пошироката јавност и стана позната како поранешна девојка на Леонардо ди Каприо. Таа отворено проговори и за проблемите на кои наишла во модната индустрија, а откри и како некои модни списанија решиле да ги фотошопираат нејзините фотографии и дека тешко можела да најде работа бидејќи не спаѓа во групата на „класични слаби девојки“.