Бугарскиот тенисер Григор Димитров веќе некое време ужива во љубовта со неколку години постарата девојка, романската актерка и манекенка Мадалина Генеа која ја нарекуваат Софија Лорен на модерното време.
Нивната врска од почетокот ја следат неколку „пикантни“ детали, а освен што Мадалина е постара од Григор, таа е позната и по врските со звучни имиња од светот на шоу-бизнисот како Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и Леонардо ди Каприо, како и фудбалерите Марко Бориело и Николо Заниоло.
И Григор може да се пофали со списокот на дами чие срце го освоил, а едно од најголемите имиња е познатата поп-дива Никол Шерцингер.
Еден период негова девојка беше и Лолита Османова, а беше и во врска со Марија Шарапова.
Бугарскиот тенисе го откри „рецептот“ за освојување на најубавите жени на светот.
„Некој пат во животот не ги избираш ти работите, туку тие одат кон тебе и просто требаш да ги прифатиш како такви. Тука зборувам генерално, и за убави и за лоши работи. Сите треба да се прифатат на ист начин. Кога станува збор за жените, тоа е релативно, но секогаш се обидувам да бидам позитивен и пријатно расположен со луѓето кои се блиску до мене. Можеби тоа ми помага и во односот со девојките“, изјави тенисерот.