Од ФБ профил со име на Борис Каравелов на повеќе постови на ТВ Телма на социјалната мрежа Фејсбук се посторани заканувачки пораки кон притворениот Ламбе Алабаковски. Заканата се состои од една реченица, а профилот на Каравелов дозволува отварање на една фотографија и на пост со латинска поговорка.
Како место на живеење на ФБ профилот е наведено предградие на холандскиот град Бреда.
Веб редакцијата го пријави случајот и заканите на адресата на МВР за пријавување на кибернетички и инфирматички кривични дела меѓу кои спаѓаат и закани по интернет и по социјални мрежи.
И повеќе други медиуми објавија за слична појава на заканувачки коментари кому синоќа му е определен 8-дневен притвор поради палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов во Битола.