Гевгеличани излегоа да му изразат поддршка на сопственикот на ресторанот „Крем“ од Гевгелија, Илија Митрев кој заработи казна од 7.000 евра затоа што неколку лица биле фатени од инспекторите со лажни ковид сертификати.
На собирот на граѓани пред ресторантот “Крем“, Митрев во емотивното обраќање покрај другото рече:
„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7.000 евра казна за Ковид сертификати. Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?,“ .