За 24 часа регистрирани се уште 1.375 нови случаи на ковид-19 од направени 7.188 тестирања или 178 повеќе од вчера. Од тестираните позитивни се 19 отсто.
Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.
Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (75г) и Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.