Пејачката Бритни Спирс призна дека ја запалила теретаната каде што тренирала. Таа на „Инстаграм“ сподели видео во кое ја призна вината и објасни како дошло до незгодата.
„Беше тоа несреќен случај. Запалив две свеќи и потоа можете да замислите што се случило. Да, јас ја запалив теретаната. За среќа никој не е повреден. Ми остана само дел од опремата и огледало“, напиша Бритни под објавата.
Нејзините следбеници ја поддржаа во коментарите.
„Држи се, Бритни“, „Важно е да си во ред“, „Бритни е единствената личност која може да признае дека запалила теретана и да не добие негативни коментари“, напишаа тие.
Инаку, поп пејачката со последните нејзини фотографии на социјалните мрежи ги загрижи фановите. Тие и коментираа дека изгледала изморено и исцрпено и дека потребен и е одмор.
https://www.instagram.com/p/B_lF6pDgT4C/