Пејачката Бритни Спирс продолжува да ја фрапира јавноста со своето скандалозно однесување. Последно таа објави видео на кое плива гола и ги поздрави фановите со својот гол задник.
Се почесто се зборува дека пејачката требало да остане под старателство поради стравувањата за нејзиното ментално здравје.
Иако нејзиниот татко Џејми Спирс несомнено бил груб во првичниот договор, извори блиски до пејачката за американските медиуми изјавиле дека Бритни има сериозни психички проблеми.
Поранешната поп принцеза се појави гола легната во плитката вода на песочна плажа, покажувајќи го голиот задник.
„Поздравете го мојот задник“ – напиша таа во описот на видеото објавено на Инстаграм, на кое не носи ништо друго освен очила за сонце.
Бритни Спирс неодамна ги загрижи сите откако во јавноста се појавија нејзините скандалозни видеа. Пејачката го напушти легендарниот хотел боса, завиткана во ќебе со перница во рацете. Медиумите објавија дека таа се скарала со своето момче Пол Ричард Солиз, поради што била повикана брза помош.