Познатите личности се собраа во понеделникот вечерта на доделувањето на British Fashion Awards за да ѝ оддадат почит на модната индустрија. Настанот се одржуваше во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во центарот на вниманието беа Наоми Кембел и Џорџо Армани, кои добија награда за нивното животно дело.
49-годишната убавица, која се закити со наградата Модна икона, носеше долг проѕирен фустан украсен со скапоцени камења. Наоми го дополнила изгледот со дијамантски обетки, нараквици и прстени, а нејзините сандали со сребрен детаљ совршено се вклопуваат со целата комбинација.
Покрај Наоми, на црвениот тепих се појавија и Ријана, Кејт Бланшет и Џулија Робертс, кои привлекоа најмногу внимание со нивниот изглед.