Мегапопуларните британски актерки Џенифер Меткалф и Џорџи Портер го замениле градот Честер со прекрасните плажи во Шпанија, каде што привлекуваат внимание каде и да се појават.
Ѕвездите на британската сапуница „Hollyoaks“ ги спакувале куферите и заминале на брегот на Шпанија за да уживаат во летниот одмор и морските радости.
Бремената актерка и модел Џорџи Портер, која ја игра Тереза Меквин во популарната серија која се емитува на Channel 4 во оваа прилика го покажа трудничкиот стомак во бикини. Атрактивната актерка едноставно блеска во благословената состојба.
Џенифер пак која во серијата ја игра „жешката“ Мерцедес Меквин ја покажа својата затегната фигура во минијатурни зелени бикини.
Инаку, Џорџи Портер го очекува своето второ дете со вереникот Оливер Пјотровски. Оваа бременост следува по трагедијата што таа и нејзиниот партнер ја доживеаја во 2021 година.
Имено, тогаш Џорџи во 14 недела од бременоста загуби четворка. Трагедиите не завршија тука. Во февруари 2022 година, актерката имаше втор спонтан абортус на денот на нивната свршувачка. Среќата конечно се насмевна на парот на крајот на 2022 година кога го добија своето прво дете – момчето Форест.