Српските медиуми објавија дека пејачката Неда Украден во осумдесетите години била во врска со музичарот Саша Поповиќ, кој свиреше во групата на Лепа Брена, „Слатки грех“. Малку е познато дека и Лепа Брена беше во врска исто така со Саша Поповиќ, додека беа заедно како дел од истиот тим.
Саша Поповиќ и Неда Украден, кој е сега директор на продукцијата “Гранд“ чиј сопственик е Лепа Брена, биле во врска по нејзиниот развод со поранешнит сопруг, Милан Билбија. Тој е татко на нејзината ќерка Јелена и почина пред пет години.
Неда Украден е по потекло од Сараево а живее во Белград. Има 67 години и е баба на три внуци од ќерката, Душан и близначките Александра и Неда, која го носи нејзиното име.