Предраг Живковиќ Тозовац беше погребан денеска во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Пејачот на местото каде вечно ќе почива го придружуваа неговото семејство, пријатели и бројни колеги со кои настапуваше со децении, а меѓу нив беа и Оливера Ковачевиќ, Милена Плавчиќ, Бане Обрадовиќ, Ацо Пејовиќ, Драгица Радосављевиќ Цакана, Ера Ојданиќ …
Тозовац беше погребан помеѓу Милорад Мандиќ Манда, Драган Николиќ и Милена Дравиќ. Пејачот беше погребан во истата гробница со Цуне Гојковиќ и Бата Живојиновиќ, која собира 4 ковчези.
Беше погребан под звуците на песната “Есен во мојот сокак“.
Претходно, во салата Комбанк се одржа комеморација за пејачот на која присуствуваа Снежана Ѓуришиќ, Вера Матовиќ, Снежана Бабиќ Снеки, Мерима Његомир, Неда Украден, Ана Бекута, Милутин Мркоњиќ …
Предраг Живковиќ Тозовац ја изгуби битката со коронавирусот на 85-годишна возраст.
Фото: Информер.рс