Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон, Бред Пит, ја откри нејзината добро чувана тајна во интервју кое никогаш не било емитувано, пишува магазинот Hello.
Холивудскиот актер откри дека Џенифер месечари, а овој детаљ од нејзиниот приватен живот го знаеле само најблискиот круг на луѓе.
Во едно интервју Пит откри како нејзиното месечарење предизвикувало проблеми во неговиот брак и раскажа анегдота што се случило една ноќ.
“Таа прави многу работи додека спие. Еднаш дури и се вклучи алармот на куќата, а ја најдов надвор”, рекол тој и додал дека целата работа не била воопшто безопасна бидејќи во тоа време живееле во куќа лоцирана на карпа.
Пит тогаш на шега рече: „Ќе слушнам како се отвораат и затвораат фиоки во другата соба, но тогаш ќе си кажам дека кога ќе го заврши она што треба да го направи, ќе се врати во кревет. Таа зборува многу додека спие и тогаш имавме некои од најдобрите разговори“.
Да потсетиме, Пит и Анистон беа едни од најомилените холивудски парови. Тие се венчаа во 2000 година, а се разведоа пет години подоцна. Анистон се омажи за Џастин Теру, а Пит за Анџелина Џоли, но и тие бракови не издржаа.