Бред Пит не само што важи за еден од најдобрите актери на светот, туку е познат и како еден од најубавите и најзгодни мажи.
Познатиот актер се појави на премиерата на филмот „Babylon“ во кој ја игра една од главните улоги, а речиси никој не останал имун на тоа како тој изгледа.
Започнувајќи од неговиот стајлинг кој бил беспрекорен, па до физичкиот изглед – сè било и повеќе од доволно сите погледи да бидат свртени кон него. Многумина коментираат дека Пит со гордост ги носи своите брчки и се прашуваат како успева да изгледа како што изгледа на 59-годишна возраст.
Според д-р Костас Папагеоргиу, медицински директор на Њујоршката дерматолошка група, Бред Пит навистина води грижа за својот физички изглед.
„Не се обидува да изгледа помладо, но изгледа како најздравата верзија од себе. Се чини дека Бред води грижа за своето лице и врат и ги штити од сонцето, а на овој начин ја зачувува еластичноста на кожата“, вели д-р Костас.
Тој исто така истакнува дека актерот сигурно нема правено видливи естетски корекции ниту користел ботокс.
„Иако би можел да направи блефаропластика со помош на која би ги „средил“ горните очни капаци, Бред е доволно паметен да го избегне тоа и да го задржи природниот изглед“, нагласува докторот и додава дека голема улога во тоа како изгледа веројатно играат и гените.