Холивудскиот актер Бредли Купер ја покажа својата нова фризура додека се шеташе низ улиците на Њујорк, што им привлече око на папараците кои случајно се нашле таму и го фотографирале.
годишникот е познат по својата долга коса во последните години, но сега очигледно решил да направи промена, објави Пејџ Сикс.
Инаку, Купер неодамна гостуваше во Running Wild With Bear Grylls каде со познатиот авантурист разговараше за животните предизвици и здравствените проблеми. Актерот меѓу другото изјавил и како славата и целиот свет на забавната индустрија влијаеле врз него во текот на неговата децениска кариера.
Купер во еден момент во текот на епизодата му кажал на водителот Бер Грилс дека не е „изгубен во славата“, што го поттикна Грилс да праша: „Но, дефинитивно имавте дива година? „Што се однесува до алкохолот и дрогата, да. Но, тоа нема никаква врска со славата“, одговори Купер и додаде: „Имав среќа. Се отрезнав на 29 и трезен сум 19 години. Имав многу среќа“.