Бредли Купер и Џиџи Хадид повеќе не ја кријат својата врска, а за време на вечерата со пријателите во четвртокот во Њујорк се снимени како разменуваат бакнежи.
Парот беше забележан како се смее и се бакнува додека седеа еден до друг во популарниот ресторан. Заедно со нив бил пријателот на Хадид, Тан Франс и неговиот колега Антони Поровски. Се чини дека причината за излегувањето е прослава на 40-тиот роденден на Поровски.
Средбата не завршила со вечера, а парот се прошетал и низ градот. Додека Бредли го шетал кучето, Хадид разговарала со нејзината блиска пријателка.
Се верува дека парот почнал да се забавува во октомври и решил да ја потврди врската дури во јануари. Тие потоа беа фотографирани како се држат за рака во Лондон.
Инаку, Џиџи Хадид со поранешното момче Зејн Малик го има тригодишниот син Каи, додека Бредли Купер со поранешната девојка Ирина Шајк ја има шестгодишната ќерка Леа де Сејн.
Џиџи претходно беше поврзувана со Леонардо ди Каприо, но тие никогаш не ја потврдија врската.