Сопругата на Роби Вилијамс, Ајда Филд откри дека таа мора да му го бричи задникот.
Ајда (41) ја презеде оваа задача затоа што тоа од неа го бараат „брачните должности“, па ги импресионираше сите со тоа колку е посветена на таа работа.
Гледај што ме тера да правам. Прво го бричам во када, користам и восок. Ме тера тоа да го правам што потемелно, што е многу трагично. Одлучив тоа да го правам како сопруга, но сето тоа е доста живописно. Роби има невероватно влакна по грбот и ме тера да ги симнам сите влакна од неговата позадина“, рекла таа.
Како што вели Роби (46), лекарите му рекле дека има тестерон на човек стар 99 години, што довело до тоа да мора да зема хормони.
Парот, кој очигледно е во стабилна врска, заедно се од 2006 година. Меѓутоа, Роби неодамна признал дека неколку пати ја напуштал својата жена пред да се венчаат. Инсистирал на тоа дека не сака да биде врзан или да има деца, со што својата поубава половина ја напуштал користејќи “сомнителни“ методи.
Но Ајда била премногу “вљубена“ во Роби и не сакала така лесно да се повлече од нивната врска, па сега завршила бричејќи му го задникот.