Денес во Албанија евидентирани се три случаи на жртви од давење во море. Албанската телевизија А2 Си-ен-ен објави дека едното лице е 59-годишник со иницијали Х.Х. кој се удавил на плажата во Велипоја.
Уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информирала дека станува збор за две повозрасни лица М.М(79) и Ц.М(78) кои дошле на одмор од Македонија.
Како причина за давењето се сметаат високите бранови.
Инцидентите се случиле околу 11 часот утринава, додека истражните тимови работеле на расветлување на околностите за настанот.