Бразилската одбојкарка Ки Алвеш, многумина ја сметаат за една од најубавите спортистки на светот, го оствари својот сон да стане зајачица на Плејбој.
Неодамна таа се посвети на објавување содржини на платформата за возрасни „ OnlyFans“. Атрактивната одбојкарка во минатото многу пати изјавила дека сака да работи за Плејбој.
Најпопуларниот машки магазин на социјалните мрежи објави дека Ки Алвеш е новата зајачица на Плејбој.
„Кога растев, соработката со Плејбој ми изгледаше како многу далечна цел. Но, тоа отсекогаш беше мој сон, па работев напорно за да ја остварам. Имам силна работна етика и чувствувам дека 2024 година ќе биди мојата година“, рече Ки., пишува Кликс.
Таа е член на бразилската одбојкарска репрезентација, а претходно призна дека со објавување на експлицитни содржини на „OnlyFans“заработува 50 пати повеќе од играњето одбојка.
„Генерално, мојот тим ме поддржува, иако не сите мои пријатели се среќни поради тоа. Некои од нив ги покажаа своите вистински бои и сега барем знам кои се моите пријатели. Некои соиграчки ми завидуваат за многу поголема плата. Но, Клубот знае дека не работам ништо што негативно би влијаело на имиџот на клубот“, истакнала убавата Ки.