Откако пред неколку дена им откри на италијанските медиуми дека целото негово семејство, вклучително и тој, го преболеле коронавирусот, италијанскиот тенор, 61-годишниот Андреа Бочели деновиве е фотографиран во одморалиштетот Форте деи Марми.
Имено, Андреа со крпа околу половината бил „фатен“ од фотографите на улиците на одморалиштето во друштво на сопругата Вероника (35).
„Мојата сопруга Вероника, децата и јас го надминавме коронавирусот. Имав треска, но навистина немав сериозни симптоми“, рече италијанскиот тенор, додавајќи дека решил да донира крвна плазма во болницата во Пиза, каде што бил на лекување за понатамошни истражувања за короната.