Босански ловџии во планините на Меѓугорје нашле туристка од Полска која наводно ја барала Богородица. Жената била гола и со видливи гребаници и повреди по целото тело. Тие веднаш ја алармирале полицијата која со помош на специјалците од горската служба помагале при спасување изгубената жена.
Подоцна било утврдено дека станува збор за средовечна жена од Полска, која имала повреди по целото тело, но одбивала помош. Таа пристигнала во Босна и Херцеговина пред два дена, но не се знае како залутала во пустелијата на Меѓугорје.