Босанската музичка легенда ,Халид Бешлиќ денеска најави дека од 2019 се сели во Германија и ќе добива германска пензија. Во Офенбах веќе живеат неговито син Дино со сопругата Махира и близнаците Ламија и Белмин-Кан.
,,Снаата доби добра работа во Германија , така што се решија да заминат од БиХ. Офенбах ќе биде нивната нова база. Се разбира дека мене и на Сејда ќе ни недостигаат внучињата, така што од февруари- март ќе живееме на релација Германија-Босна. Навикнати сме да бидеме со внуците, така што секој слободен момент ќе го користиме да бидеме со нив.” , вели Бешлиќ и додава дека за неколку месеци заминува во заслужена пензија во Германија , а ги има исполнето и сите услови за пензионирање во Босна.
“ Со години уплатував во пензискиот фонд во Германија. Секако Халид не е уште за во пензија , така што ќе продолжам да пејам и да се дружам со своите фанови низ целиот свет.” , вели Бешлиќ во интервју за босанските медиуми.