Фронтменот на “Рибја чорба“, Бора Ѓорѓевиќ потврди дека моментално се лекува во болница во Љубљана, не прецизирајќи од што.
– Во Љубљана сум, се лекувам и не давам интервјуа – кратко порачал за неделникот “Глорија“.
Српските медиуми шпекулираа дека Бора Ѓорѓевиќ се бори со тешка болест.
– Седум дена му е добро, па потоа неколку му е лошо, па поради тоа не можеме да го прецизираме датумот за промоција. Бора сака да ги претстави новите песни по секоја цена. Поради тоа и свирките ги сведовме на две-три месечно – вели Бане Обрадовиќ, менаџер на “Рибја чорба“.
Како што пренесува неделникот, ова не е прв пат Бора да се соочува со здравствени тегоби. Долго време имаше проблеми со ‘рбетот, а за време на кариерата доживуваше бројни падови и скршеници, некои од нив и на самата сцена.