Откако на 19 април рок групата “Рибја чорба“ свирела на митингот на СНС во центарот на Белград, почнаа жестоки напади против Бора Ѓорѓевиќ, лидерот на групата.
На социјалните мрежи се појавил некролог со ликот на Бора Ѓорѓевиќ со содржина: „Со болка во срце ги известуваме сите почитувачи дека наш Борисав Бора Ѓорѓевиќ ненадејно починал на 19.4.2019 во 67 година од животот, за најголем издајник на земјата Србија. Погребот ќе се одржи со општ бојкот на секој следен настап, албум и песни. Ожалостени: никогаш повеќе големи љубители на групата Рибја чорба“.
Исто така, некои радио станици донеле одлука повеќе да не ги пуштаат песните на Бора, но и на Оливер Мандиќ, кој исто така пеел на митингот.