Балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ со својата сопруга, познатата нонинарка Јована живее во луксузна вила во населбата Сењак во Белград.
Познатиот брачен пар вилата ја купи од семејството на српскиот милионер Кариќ.
Веднаш по купувањето на вилата за која Жељко и Јована подигнале кредит во висина од 2,5 милиони евра, истата била целосно реновирана.
Сега во вилата која има отворен и затворен базен и голем двор Жељко и Јована со децата синот Коста и близначките Ана и Срна уживаат во целиот луксуз.