Фолк-пејачката Росана Сариќ-Тодоровска со емотивен статус на Фејсбук се присети на својот брат. Мирослав, братот на Маријана и на Росана кој живееше во Мелбурн, почина во мај годинава. Росана и нејзиното семејство не можеа да отидат во Автралија за да го испратат.
“За жал, после толку години за првпат мојот ангел , мојот брат нема да ми се јави и да ми каже: „Сестро, среќни празници“. Толку боли, многу боли, ангелу мој. Почивај во мир, а јас и ние во душата и срцето сме со тебе. Не сакам ништо во 2019 освен здравје и никој повеќе од моите најсакани да не ми биде одземен”, рече Росана.
Таа и нејзиниот сопруг, Ѓорѓи Тодоровски-Трупче летово станаа баба и дедо на Ноа од ќерката Ивана и зетот Џејмс.