По шокантниот пораз во првото коло од Саудиска Арабија, Аргентина во саботата успеа да го победи Мексико со 2:0 и да се доближи до осминафиналето на Светското првенство.
По натпреварот фудбалерите на Аргентина со песна ја прославија победата во соблекувалната. Објавени се неколку видеа од соблекувалната, а на едното се гледа како најдобриот стрелец Лионел Меси го гази дресот на Мексико.
Тој потег ги налути Мексиканците, а најгласен беше боксерот Канело Алварез.
„Видов како Меси го чистеше подот со нашето знаме и дрес. Моли се на Бог да не те најдам“, се закани Канело.
Мексиканецот многумина го сметаат за најдобриот боксер во светот надвор од тешка категорија, тој е четирикратен шампион во супер средна категорија. Во кариерата има 58 победи, два порази и две нерешени борби.
Canelo had some strong words for Messi after seeing his locker room celebration 👀
(via @canelo, nicolasotamendi30/IG) pic.twitter.com/emRRHK1nGO
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) November 28, 2022