Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелацискиот суд.
Апелација не го прифати барањето на адвокатите на Боки 13 за укинување на мерката притвор, поради опасност од бегство, односно, можност за бегство и да го повтори делото.
По вчерашната јавна седница на која се разгледуваше барањето за укинување на притворот Апелација одлучи иако отпадна влијанието врз сведоци, поради опасност од бегство Јовановски да остане во притвор.