Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и Александар Николоски, од ВМРО-ДПМНЕ од понеделник, ќе бидат во посета на Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покорвител е Доналд Трамп.
“Од понеделник, ќе бидам во посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествувам и на Националниот молитвен појадок.
Ќе имам средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).
Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми“, напиша Богоев на својот Фејсбук профил.
Инаку, молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во февруари