Професорите од Средното хемиско училиште „Марија Склодовска Кири“,претпладнево дојдоа на училиште, но не одржуваат часови, најавувајќи дека бојкотот ќе го продолжат и во наредните денови.
Незадоволни се од тоа што одлуката била донесена без нивно занење и консултација, а револтирани се од тоа што по именувањето на в.д. директорот на социјалните мрежи, наводно, се појавиле коментари: „победивме, го зедовме Хемиско“.