Близок пријател го издал поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој вчера беше приведен и однесен е во Истражниот затвор во Шутка.
„По остварена средба со близок пријател, подносителот на службената белешка добил информација дека обвинетиот во случајот за „27 април“, Митко Чавков, поседува вила на Халкидики Р. Грција, каде истиот планира, пред да биде изречена пресудата во петок (15.03.2019 година), да ја напушти државата, односно да се даде во бегство, при што се напоменува дека пријателската врска е во многу блиски релации со семејството на обвинетиот“, стои во решението на судот со кое се уважува барањето на Основното јавно обвинителство да биде определена мерка притвор.
Инаку, на Чавков му се заканува затворска казна од 10 години до доживотен затвор.