17-годишник брутално претепал и на крајот задавил жена која му се потсмевала за време на сексуалниот однос.
Бланка Ц. (28) на 3 октомври минатата година во бар во Франкфурт, Германија, го запознала Мохамед Али С. (17). Откако испиле неколку пијачки заедно и се дрогирале, излегле од локалот и отишле во нејзиниот стан да имаат секс. Но, кога Мохамед наводно не успеал да добие ерекција, Бланка го исмевала поради тоа. Тоа го разбеснило, па ја удирал и ја давел Бланка додека таа не умрела.Дел од нападот наводно снимил со својот мобилен телефон. Додека го снимал нејзиното тело, се слуша како вели: „Јас ја убив.“
Сведокот во текот на ноќта повикал полиција. Кога упаднале во станот, пронашле мртва девојка. Мохамед беше уапсен во домот на неговите родители во областа Бонамес во Франкфурт само неколку часа подоцна.
„Таа беше толку среќна млада жена. Сакаше да излегува и беше полна со живот“, изјавил еден сосед за Бланка.
Судењето за убиството започна во понеделникот во Окружниот суд во Франкфурт. Бидејќи обвинетиот е малолетник, судењето е затворено за јавноста. Доколку биде прогласен за виновен, Мохамед Али С. според германскиот кривичен законик за малолетници може да се соочи со казна затвор до десет години.