Џеј Зи е снимен како ужива на јахта во близина на Цавтат, а не долго потоа фотографите ја забележале Бијонсе како ужива на сонце.
Познатиот рапер и мегапопуларната пејачка се снимени на луксузна јахта во друштво на човек кој наликува на телохранителот Јулиус Де Бур, кој претходните години бил со нив во Хрватска. Со нив се нивните деца, ќерката Блу Ајви и близнаците Руми и Сиру.
Џеј Зи и Бијонсе биле во Хрватска и во 2009 година, а потоа и во 2011 година, додека ја очекувале својата прва ќерка Блу Ајви, која го добила името по синиот бршлен што го виделе во Хрватска, поточно на Хвар. Тие се вратиле во 2020 година, а пејачката таму го прослави и роденденот.
Посетата на парот во 2009 година беше во сенка на инцидентот со телохранителот кој ги нападнал фоторепортерите и ТВ снимателите од Дубровник. Телохранителот му ја скршил камерата не ден од снимателите, го удрил со клоца по задникот , а потоа во море го фрлил стативот на камерата, на што, како што објавија тогаш медиумите, Џеј Зи со насмевка му предложил да го фрли и снимателот на ист начин. Кога си заминувал, телохранителот на насобраните им покажал среден прст и на лош, но разбирлив хрватски јазик рекол: „Мајка ти е кучка, мајка ти е кучка!“ Сè се случило околу 1 часот и 30 минути по полноќ, внатре во историскиот центар на Дубровник, кога славниот пар го напуштал ресторанот во кој вечерале.