Годинава се навршуваат 50 години од создавањето на бендот Бијело Дугме, поради што бендот ќе оди на турнеја, но овој пат во рокенрол состав.
Сè уште не е познато кој точен состав на бендот летово ќе се качи на сцената на турнеја низ поранешните држави на Југославија. Она што е речиси сигурно е дека ќе го нема Жељко Бебек, кој е во лоши односи со своите поранешни другари од бендот.
Последниот пат кога свиреа заедно, се заврши со тоа што Бебек ги тужеше, пишува CityMagazine.
Како што објави Highway Star Magazine на својот Инстаграм, Бијело Дугме речиси сигурно ќе настапи во составот со пејачите Ален Исламовиќ и Младен Војчиќ Тифа.
Она што е интересно, магазинот наведува дека на клавијатурите ќе биде поп-пејачот Огњан Радивојевиќ, кој го знаеме од неговата соло кариера, но и како поранешен соработник на Бреговиќ во Оркестарот за свадби и погреби.