Миља Вујановиќ беше Мис на Србија во 1967 година, а потоа ја имаше главната улога во филмот на Желимир Жилник „Рани дела“, кој доби „Златна мечка“ на Берлинале.
Сите ѝ предвидуваа одлична актерска кариера и оствари забележителни улоги во филмовите: „Мајка, син, внук, внука“, „Бубачки во главата“, „Неретва“, „Мост“, „Снег на усни“ и други.
Интересно е што Миља се споменува како „втора актерка по Ева Рас која се соблече во филмовите“, а еднаш и изјави „дека подобро изгледа без облека отколку облечена“.
Освен што беше голем талент, таа беше и многу образована, дипломирала на два факултета: Драмска академија и новинарство.
Меѓутоа, во одреден момент таа се повлече од актерството и целосно се посвети на астрологијата. Така таа се здоби со дипломи од светски познати астролошки школи и станала „експерт за ѕвездена магија“.
– Одлуката да го напуштам филмот ја донесов кога сфатив дека текстовите што ги изговарам не се она што би ги изговорила во слични ситуации. Почнав да ја проучувам астрологијата пред триесет години… На крајот на краиштата, ние не ја избираме професијата, професијата нè избира нас – изјави своевремено.
Посебно е интересно што се омажи за ѕвезда на небото, Регулус, и така го доби второто презиме.
И по актерската кариера беше присутна во јавниот живот, пишуваше за медиумите, гостуваше во емисии…
Успешната Миља не можеше ни да ја насети трагедијата што ќе ја доживее во 2000 година. Имено, во неа пукал тогашниот љубовник Обрад Зејак, а потоа се пријавил за убиство во обид.
Таа се опорави од комата, но остана парализирана. Во последните години од животот се посвети на пишувањето книги, а почина на 4. јуни 2005 година во Белград.