Шестчлено семејство од Канада решило да патува низ целиот свет пред три од нивните четири деца целосно да го загубат видот поради ретка генетска болест.
Родителите откриваат дека нивната најстара ќерка Миа Лемеј-Пелетиер има ретинис пигментоза – што може да ја остави целосно слепа до нејзините 30-ти – откако таа почнала да има потешкотии гледајќи навечер, во 2018-тата година.
Следната година на нејзините браќа Колин и Лоран им била дијагностицирана истата болест, но на второродениот Лео сѐ уште не.
Мајката Едит Лемеј, која работи како финансиски службеник во Квебек, каде што и живее семејството, рекла дека кога им била дијагностицирана болеста на браќата, тоа бил одлучувачки момент за да си го остварат патувањето низ светот и да ги наполнат нивните очи со „визуелни спомени“ пред да им се влоши видот.
Семејството тргнало во март на одмор, без да имаат одреден план и досега ги посетиле Намибија, Замбија, Танзанија, Турција, Монголија, а сега поминуваат една недела во Индонезија. Тие најпрво планирале да започнат со патување низ Русија и Кина во 2020 година, но тоа биле откажано поради пандемијата на коронавирусот.
Документирајќи ги патувањата на социјалните мрежи, таа рекла дека е прекрасно да се гледаат децата колку се среќни и постојано заедно, но признала и дека е потребен огромен труд и трпение за да се биде со нив 24/7.