Актерката, авторка и поранешна зависничка од секс, Брајана Дејвис за себе вели дека е зависна од чувството на возбуда што би го почувствувала кога првпат запознала маж, а тоа, како што тврди, ја навело да ги изневерува сите нејзини партнери.
Во подкастот „Talk“ на FML, Дејвис се присети на моментот кога сфатила дека има проблем и ѝ била потребна помош додека се забавувала со двајца мажи во исто време, а секој мислел дека е во врска само со него.
– Имав две момчиња две години – вели Дејвис и додава дека била толку добра лажго што се извлекувала од се без ниту еден од нив да знае за другиот.
Бркајќи го тоа „опојувачко чувство“ дека некому му се допаѓа, таа развила зависност од секс и љубов, па често била со неколку партнери одеднаш, а нејзината најголема фантазија во тоа време била да обликува еден од неколкуте различни мажи, совршени за себе– Едниот ми даде емоционална сигурност, другиот финансиска, третата сексуална хемија, четвртиот пријателство – рече таа, а зависноста, според неа, започнала кога имала 13 или 14 години, откако го гледала филмот „Ромео и Јулија“ и мислела дека така треба да изгледа вистинската љубов.
– Имав момче во осмо одделение, а кога првпат ми пријде и ме бакна, целото тело ми се „запали“. Од тој момент го барам тоа чувство. Тоа беше почеток на крајот – истакнува таа.
Како што растела и започнувала други врски, штом чувството за љубов ќе избледело, Дејвис почнувала да бара нешто друго, а кога конечно побарала помош, сфатила дека е зависна од секс.
За сето тоа неодамна ја напишала книгата „Secret Life of a Hollywood Love and Sex Addict“, а по програма за лекување од 12 чекори, започнала нејзината апстиненција.
Таа денес е мажена и тврди дека е целосно посветена на својот сопруг. Но, и покрај тоа што поминале десет години од нејзиното лекување, таа сепак вели дека не може да се дружи со мажи.
– Не можам ни со келнери да разговарам без флерт! – призна лани за „The Sun“, а ќе флертува, вели, со кој било.
– Би флертувала со вратата ако има смисла! – рече тогаш Дејвис.