Според кинескиот календар, 2023 година е година на Водниот Тигар, па на почетокот на годината некои знаци амбициозно ќе тргнат кон остварување на своите цели, а некои ќе бидат исклучително среќни бидејќи љубовните желби ќе им се остварат, пренесува „Атма“.
Во јануари ѕвездите ќе покажат голема наклонетост кон одредени хороскопски знаци. Иако некои планети се во ретроградно движење, првиот месец од годината ќе биде свечен и необичен.
Близнаци
Во првиот месец од новата година, Близнаците ќе блеснат со прекрасна енергија, која ќе биде магична од првиот до последниот ден и ќе се чувствуваат како нивниот живот да е бајка. Големи се шансите да им се оствари некоја голема желба за која полека почнале да губат надеж дека некогаш ќе се оствари. На почетокот на годината Близнаците амбициозно ќе почнат да ги остваруваат своите цели. Чуда се случуваат, а овој знак треба да се подготви за многу изненадувања.
Стрелец
Стрелците ќе бидат исклучително среќни бидејќи љубовните желби ќе им се остварат. Оние кои долго време сонувале да ја запознаат својата сродна душа, овој месец ќе запознаат некоја посебна личност. Стрелците кои веќе го пронашле својот партнер, во јануари ќе размислуваат за следниот чекор – заеднички живот или брак. Јануари ќе биде вистинско време припадниците на овој хороскопски знак да соберат доволно храброст и да го направат првиот чекор.
Водолија
Водолиите ќе вложат многу труд за да ги остварат своите желби во јануари. Тоа ќе биде најсреќниот месец во новата година за нив во сите области од животот – во финансиите, љубовта и здравјето. Ќе бидат полни со енергија и самодоверба и конечно ќе одлучат да ризикуваат за да го постигнат она што го сакаат. Интуицијата ќе ги води да донесат правилна одлука.