Австралиските медиуми се занимаваат со бизарна приказна од 2022 година, која една година подоцна доби и судски епилог.
Во центарот е Џијан Зонг Ли од Сиднеј кој е осуден поради отсекување на дел од увото на неговиот покоен брат Џијан Минг Ли на денот на неговиот погреб.
Минг Ли починал на 58-годишна возраст од болест на белите дробови, а неговиот брат се сомневал дека синот на починатиот, Ченг Џанг Ли, е роден вонбрачно.
Доколку се докажело дека е вистинито, младиот човек немало да има право на наследство, кое вклучувало куќа од милион долари во предградието на Сиднеј, Петершам.
Зонг Ли се согласил да ја каже својата верзија за ТВ-шоуто „A Current Affair“.
„Братот не остави валиден тестамент. Го замолив Ченг да направи ДНК тест, но тој не се согласи. Затоа почувствував обврска да ги земам работите во свои раце“, објасни тој.
Тој тврди дека директорот на погребалното го одбил барањето да земе примерок од кожа или коса од починатиот.
„Немав избор, неколку часа подоцна ќе беше кремиран. Влегов внатре со мојот син и отсеков парче од увото“, рече тој.
Братот додава дека нивната мајка (91) требало да го добие наследството, бидејќи е во лоша материјална состојба.
Парче од увото го ставил во пластична кеса, па во стаклен сад, а потоа во фрижидер, пишува Daily Star.
Дури кога се обидел да добие потпис од погребалното претпријатие „примерокот бил легитимен“ и бил откриен неговиот план. Надлежната служба веднаш ги известила роднините на починатиот.
Полицајците подоцна дошле во станот на Зонг Ли и пронашле дел од увото во фрижидерот. Тој го признал она што го направил пред судот во Бурвуд и бил казнет со 1.500 долари.
Подоцна било откриено дека Ченг е легитимен син на покојниот Џијан Минг Ли.